На плажа во Австралија било пронајдено суштество кое според мислењето на многумина кои ја споделувале оваа фотографија на социјалните мрежи изгледа како вонземјанин.
Човекот кој го фотографирал побарал на Фејсбук пријателите да му кажат за што станува збор, а добил совет да го стави животното во пластична ќеса и да го фрли.
“Не го допирај, тоа е убиец на кучиња”, гласел коментарот.
A dog walker has issued a warning to others.
— UNILAD (@UNILAD) February 25, 2020
Професорот Калум Браун од Универзитетот Меквари објаснил дека станува збор за животно кое се нарекува морски зајак, кој, како што тој вели, пушта виолетов пигмент кога е вознемирен.
“Може да бидат благо отровни, во зависност од тоа што изеле”, рекол професорот Браун.
Се верува дека морските зајаци се слични со октоподите, бидејќи и едните и другите користат мастило за да се одбранат кога се чувствуваат загрозено, пишува Unilad.