Северната флота со поддршка на Руското географско друштво изведе две комплексни експедиции на архипелазите Нова Земја и Земјата на Франц Јозеф.
Во арктичките експедиции војската откри преку 30 нови географски објекти, соопшти министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу на седницата на колегиумот на Министерството за одбрана на РФ.
„Голема важност им придаваме на научно-практичното истражување и зачувувањето на природата на Арктичката зона. Во последно време се откриени преку 30 нови географски објекти, собран е важен материјал од историско значење“, рече рускиот министер за одбрана.
Северната флота со поддршка на Руското географско друштво организираше и изведе две комплексни експедиции на архипелазите Нова Земја и Земјата на Франц Јозеф, додаде Шојгу.
Според него, руската војска за пет години отстранила од Арктичката зона 18600 тони старо железо.
„Продолжува еколошкото чистење на бреговите на копнениот дел на Русија и островите на Северниот леден океан. За пет години е отстрането 18600 тони старо железо“, рече тој.
Шојгу соопшти дека на седницата на колегиумот ќе бидат разгледани предлозите на командантот на Северната флота поврзани со реализацијата на планот за дејствување и дека во врска со тоа ќе бидат донесени соодветни одлуки.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли