Кога Google ја напушти десктоп апликацијата Earth, а во корист на веб искуството, се тврдеше дека проектот е „речиси подготвен“ за Firefox и другите пребарувачи. Оттогаш поминаа речиси три години, а Google дури сега го исполни ветувањето, бидејќи Google Earth се врати не само на Firefox, туку и на Microsoft Edge и Opera.
Earth апликацијата оригинално е дизајнирана само за Chrome решенијата, па Google сериозни мораше да поработи на проектот за да го прилагоди и на другите пребарувачи. Така е одлучено Earth да се преработи со помош на C++ кодот и WebAssembly, нов бинарен јазик, кој потсетува на Java и работи во сите пребарувачи. WebAssembly дури кон крајот на 2019. година им се придружи на останатите јазици, кои ги препорачува World Wide Web, па HTML, CSS и JavaScript на тој начин добија засилување.
Иако Google Earth веќе работи на сите споменати пребарувачи, од компанијата велат дека прилагодувањето не е завршено, така што најдобро искуство и натаму гарантира Chrome, иако тоа наскоро би требало да се промени, и Earth да пристигне и на Apple Safari.
Поврзани артикли