Како што соопшти Главниот центар за извидување на ситуацијата во вселената, сите објекти на вселенскиот отпад се каталогизирани и се наоѓаат под надзор на контролата на вселенскиот простор.
Стручњаците на Главниот центар за извидување на ситуацијата во вселената (во состав на Воздушно-космичките сили на Русија) и понатаму ја следат торбата што пред речиси 12 години при излегувањето во отворената вселена ја изгуби астронаутката на НАСА Хајдемари Стефанишен-Пајпер. Ова го соопшти началникот на одделението за борбени алгоритми и програми на Главниот центар за извидување на ситуацијата во вселената Роман Фатахов.
„Една од американските астронаутки ја изгуби торбата кога излезе во отворената вселена. Сите овие објекти се наоѓаат забележани во нашиот регистар“, истакна Фатахов во емисија на ТВ-каналот „Ѕвезда”.
Според него, сите објекти на вселенскиот отпад се каталогизирани и се наоѓаат под надзор на контролата на вселенскиот простор.
Стефанишен-Пајпер излезе во отворената вселена во ноември 2008 година заедно со колегата Стив Боувен. Се случи така што во нејзината торба со инструменти да протече маслото од пиштолот за подмачкување. Додека таа ги чистеше инструментите, торбата ѝ одлета во вселенскиот простор, така што мораше да ги користи инструментите на својот колега.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли