Една од најважните цели на денешната наука е насочен на истражување на ракот, вториот најчест причинител на смрт на светот, веднаш зад срцевите болести.
Се почесто се поставува прашањето зошто некои луѓе го добиваат, а некои не, и зошто некои трајно се ослободуваат од оваа смртоносна болест и закрепнуваат, а други подлегнуваат.
Сите слушнале или познаваат некој кој поради начинот на живот и генетиката би требало да добие рак. На пример, некој кој пушел три кутии цигари на ден, или некој кој е подебел целиот живот и плус и пие, бизнисмен кој не јаде ништо пред пет попладне освен сопствениот стрес. А, сите знаат и некој што никогаш не пиел, пушел, не бил дебел, а сепак умрел од рак.
Крајната вистина, сепак, се крие во нашите гени, а не во стилот на животот. Набљудувајќи ги долгогодишните пушачи, научниците откриле дека на сите им е заедничка варијацијата на некои гени, а нив прикладно ги нарекле “гени на долговечноста”, пишува 24sata.hr.
“Откривме низа генетски маркери кои поттикнуваат долговечност, а тие исти гени може да се најдат кај луѓе кои доживеале длабока старост. Тие функционираат така што ги поттикнуваат клетките на побрзо закрепнување од негативни биохемиски влијанија”, објаснува професор Морган Левин.
Тоа се смета и за еволуциска мутација, а среќниците кои ги наследиле тие гени имаат само 11 проценти веројатност дека некогаш во животот ќе добијат рак, додека останатите имаат шанса од 40 до 60 проценти.
“Не знаеме зошто некои клетки почнуваат да се делат без никаква контрола и кој механизам ја предизвикува таа промена. Тој иницијален фактор не можеме да го знаеме. Но, знаеме што се смета за најчест причинител за појава на болеста, а тој најчесто се наоѓа во нашето окружување”, објаснува др. Љерка Ељуга, онколог и радиотерапевт.
И покрај добрата или лошата генетика, повторно постојат случаи кои не се поклопуваат, а тоа се токму оние предизвикани од надворешни фактори. Генерално, постојат пет фактори кои се неспорни причинители за настанување на мутацијата, па со самото тоа и ракот: претерано сончање, пушење, дебелина, хормонални терапии и консумирање на преработена храна.
Извор: Alo.rs