Компанијата Amazon е највреден светски бренд во светот. Според истражувањето што го објави веб-страницата howmuch.net, вредноста на компанијата е проценета на 221 милијарди долари.
Howmuch.net објави листа со 100 највредни брендови во светот, а при правење на ранг-листата се користени податоци од организацијата Brand Finance.
На второ место со вредност од 160 милијарди долари е Google, следи Apple со 141 милијарди долари, Microsoft со вредност од 117 милијарди долари и Samsung со 94 милијарди долари.
Потоа следуваат банкарската групација ICBC, Facebook, Wallmart Ping an и Huawei.
Највреден европски бренд е Mercedes, кој е на 11. место.
Во истражувањето се истакнува дека вредноста на брендот се разликува од пазарната вредност. Така на пример, компанија со најголема пазарна вредност е саудискиот нафтен гигант „Сауди Арамко“, чија пазарна вредност се проценува на 1.800 милијарди долари.