Лаптопите не се толку корисни ако батеријата повеќе не се полни кога ќе ја приклучите на струја. Ова се неколку трикови што можете да ги испробате пред да побарате стручна помош.
1. Проверете дали полначот е соодветно наместен
Најпрво, проверете дали полначот е приклучен на струја, а потоа проверете дали џекчето од полначот е наместено на соодветно место бидејќи лаптопите имаат повеќе влезови за USB.
2. Во каква состојба е полначот?
Детално прегледајте во каква состојба се полначот и кабелот. Поминете со раката преку кабелот и проверете дали има потенцијален прекин. Исто така, проверете во каква состојба е делот што се спојува со адаптерот. Кога ќе го ставите џекчето во влезот, мрднете го лево-десно и видете дали ќе реагира. Ако постои проблем во конекцијата со влезот, тогаш ова се решава на сервисер.
3. Отстранете ја батеријата
Отстранете ја батеријата од лаптопот, почекајте и повторно ставете ја. Ако полни после тоа, тогаш имате хардверски или софтверски проблем со батеријата. Ако е софтверски, тогаш можете да го решите проблемот и без сервисер. Ако е хардверски, ќе мора да набавите нова батерија.
4. Проверете ги поставките за напојување
Отворете „Control Panel“, па „Power Options“. Проверете дали сѐ е во ред. Обрнете внимание на поставката што го исклучува вашиот лаптоп доколку нивото на батеријата падне на најниско.
5. Што ако батеријата е прегреана?
Доколку вашиот лаптоп прегрева кога го користите, можно е систематски да се исклучува за да ги заштити клучните компоненти, вклучувајќи ја и батеријата. Проверете дали вентилаторите се блокирани. Почекајте да се олади и потоа обидете се повторно да го наполните.
6. Надградете го софтверот
Обидете се да ги надградите драјверите. Отворете „Device Manager“. Под „Batteries“ ќе најдете неколку листи, обично се три: една за батеријата, една за полначот и трета „Microsoft ACPI Compliant Control Method Battery“. Поставете ја стрелката од глувчето на секоја од нив и кликнете го десното копче за да отворите „Properties“. Одете на „Driver“ и пронајдете го копчето „Update Driver“. Потоа повторно пуштете го лаптопот и обидете се да го наполните.