Инсистирањето на Apple на сопствени стандардни апликации веќе долго време претставува извор на дебата меѓу корисниците. На пример, ако кликнете на линк или на имеил адреса, автоматски ќе се отвори Safari или Apple Mail, дури и ако имате инсталирано некои алтернативни програми од ист тип.
Меѓутоа, изгледа дека тоа во иднина најверојатно ќе се промени, бидејќи постојат индиции дека компанијата размислува да им дозволи на корисниците сами да ги изберат стандардните апликации. Извори блиски до Apple наведуваат дека за сега сè уште се во фаза на идеи, но тоа претставува значајна промена за Apple. Почнувајќи од 2008 година, кога се појави првиот iPhone, ова компанија користи сопствени 38 апликации кои се поставени како стандардни.
Извор: PC Press.rs