Некогаш, во древните времиња шафранот се користел како лек против депресија и на многумина им помогнал да се справат со неа.
Денес шафранот се употребува за медицински цели и за подобрување на циркулација, лечење срцеви болести и подобрување на работата на крвните садови, како превенција за подобрување на циркулацијата, лечење кожни болести….
Оваа древна лековита билка која важи за еден од најскапите зачини на светот уште ја нарекуваат и “кралица на зачините“.
Цветот од шафранот има многу лековити антиоксиданси, пигменти и алкалоиди кои допринесуваат во неговата лековитост.
Шафранот најчесто се користи за подготвување слатки и јадења од ориз.
Во Италија со него го зачинуваат рижотото, а Шпанците го збогатуваат вкусот на нивната традиционална кујна.
100 грама шафран содржи:
– 310 калории;
– 5.85 масти;
– 65.37 јаглени хидрати;
– 80.80 витамин Ц;
– 3.90 растителни влакна;
– 11.10 железо;
– 264 магнезиум.
Поврзани артикли