Една од водечките апликации за комуникација која има преку милијарда корисници во целиот свет додава нова опција која ќе им помогне на корисниците.
„Мои забелешки“ во иднина ќе треба на корисниците на апликацијата да им овозможи да го планираат своето време со тоа што ќе можат да направат дневен, неделен и месечен распоред на настани.
Со овој новитет корисниците нема да имаат потреба да симнуваат нова додатна апликација која ќе ги зачувува и потсетувам корисниците за нивните закажани обврски или настани кои треба да ги посетат.
Ова дигитално решение предвидува обврските да се штиклираат кога се исполнети или да се презакажат, корисниците ќе имаат можност да ги зачуваат омилените пораки, видео снимките како и фотографиите на едно место.
Податоците ќе бидат синхронизирани помеѓу сите уреди кои корисникот ги користи.
Поврзани артикли