Веќе некое време кружат гласини дека Apple планира да претстави нов подостапен iPhone, под името iPhone 9 или iPhone SE 2. Германскиот сајт iphone-ticker.de сега тврди дека уредот ќе биде најавен на медиумски настан на 31. март.
Телефонот наводно ќе биде пуштен во продажба на 3. април. Претходните гласините сугерираат дека уредот ќе чини долар помалку од 400 долари, ставајќи го во категорија на телефоните од средниот сегмент. Се очекува дека ќе пристигне со A13 чипсет, како кај iPhone 11, 3 GB RAM и 64 или 128GB простор за складирање.
Со оглед на тоа дека уредот ќе ги има истите перформанси како флегшип уредите на компанијата, Apple тоа ќе го надокнади така што ќе вгради поевтиј дисплеј и рециклирана шасија на iPhone 8 моделот.