Двете технолошки компании со години водат судски спор, што се чини дека ќе продолжи и во 2020 година. Oracle поднесе нови обвиненија против својот конкурент пред Врховниот суд на САД, тврдејќи дека Google му украл код на Java.
Всушност, компанијата прави слични обвиненија против својот конкурент скоро една деценија. Делата на Google биле опишани од Oracle како „ужасен чин на плагијат“, пренесува The Verge.
Компанијата наводно го украла развојот на Oracle и потоа го искористила за создавање на Android, без официјално да го лиценцира јазикот. Формалното сослушување во судницата ќе започне на 24 март.
Тековното обвинување е уште една епизода на долгогодишниот спор меѓу двете компании за интелектуалната сопственост на Oracle и употребата на Java на Android. Компанијата тврди дека Google го копирал кодот Јава, откако не успеал да создаде свој екосистем.
Поврзани артикли