Најголемиот саем за мобилни телефони во светот, Мобилниот конгрес во Барселона е откажан поради коронавирусот.
Извршниот директор на организаторот Џон Хофман изјави дека ширењето на епидемијата го оневозможува одржувањето на настанот, кој беше на програмата од 24 до 27 февруари во Барселона.
Mobile World Congress cancelled amid Coronavirus fears #MWC20 #eventprofs @GSMA https://t.co/EBBy5IgZKD pic.twitter.com/iX4zJWyWB1
— Stand Out magazine (@StandOutmag) February 12, 2020
Земајќи го предвид безбедното и здраво опкружување во Барселона и земјата домаќин, GSMA го откажа Саемот MWC 2020, затоа што глобалната загриженост за појавата на коронавирусот, патувањата и други околности оневозможува одржување на настанот.
Нашите мисли се со оние кои се погодени од вирусот во Кина и ширум светот , рече Хофман, пренесува The Verge.