Microsoft нема да ги принудува корисниците да го менуваат пребарувачот

Мајкрософт ја напушти својата одлука да го направи Bing стандардниот пребарувач, пишуваат светските медиуми.

Ова требаше да важи за корисниците на Office 365 ProPlus. Наместо тоа, тие сега ќе можат да изберат да ја инсталираат опцијата Microsoft Search во Bing.

Доколку Microsoft решеше да ги исполни своите претходни ветувања, корисниците на Office 365 ProPlus ширум светот ќе требаше од месецов да го користат Bing како свој стандарден пребарувач.