Иако мобилните телефони ни овозможија да се чувствуваме поповрзани од кога било претходно, треба да бидеме свесни дека технологијата е алатка и од нас зависи како ќе ја користиме
Дали некогаш сте помислиле дека вашиот партнер повеќе време поминува со мобилниот телефон отколку со вас? Дали некогаш чувствувате како партнерот да ве изневерува со телефонот? Навечер, додека лежите во заедничкиот кревет, вашиот партнер решава повеќе да биде со смартфонот отколку со вас… Ако некогаш сте биле во ваква ситуација, тоа значи дека не сте сами… голем број млади луѓе не ја користат технологијата паметно и дозволуваат мобилниот телефон да им стане пречка во интимните врски.
„Тој постојано гледа во неговиот телефон. Без разлика дали сме дома или сме излезени, дали сме сами или со друштво. Истото се случува и навечер во спалната соба, кога сме во нашиот кревет – тој продолжува да ’скрола’ на телефонот. Тоа навистина ми пречи и сметам дека имаме проблем“, вели Ивана (27).
„Кога и да сме заедно, таа не го испушта телефонот од рака. На секои пет минути проверува Instagram, се допишува со другарките и чита сè и сешто на порталите… и така со часови. Речиси и да не постои интимност помеѓу нас, а тоа прави да се чувстувам како нејзиниот телефон да е третата личност во нашата врска“, вели Филип (24).
Воопшто не изненадува фактот што во времето во кое живееме, постојат млади луѓе кои почесто го допираат телефонот отколку партнерот. Всушност, истражувањата спроведени од Deutsche Telekom покажуваат дека дури 36% од младите луѓе помеѓу 18 и 34 години насекаде низ Европа сметаат дека нивниот партнер поминува премногу време на телефонот додека се заедно, а истовремено дури 56% од нив признаваат дека барем повремено ги проверуваат нотификациите на своите телефони додека се во кревет со партнерот. Проблемот е сериозен, распространет и претставува закана за интимноста и романсата во современите врски.
Иако мобилните телефони ни овозможија да се чувствуваме поповрзани од кога било претходно, треба да бидеме свесни дека технологијата е алатка и од нас зависи како ќе ја користиме. Прекумерната и погрешна употреба на технологијата претставува предизвик за секој современ млад човек, но нејзината правилна употреба може да донесе далеку повеќе придобивки и да го направи животот поквалитетен. Сè што треба да направиме е да научиме да бидеме попаметни кога ја користиме; технологијата да работи за нас, а не против нас.
Креативен пример за користење на технологијата во корист на интимата е креативното решение на Дојче Телеком „Паметна долна облека“, уникатна линија на долна облека дизајнирана да го сврти вниманието од нотификациите кон партнерот. Се работи за парчиња долна облека кои преку Bluetooth чип се поврзуваат со телефонот на корисникот и активираат „Love mode“ – режим кој не дозволува партнерите да бидат вознемирувани од нотификации, додека се во непосредна близина. Ќе се согласите, идеален подарок за Денот на вљубените!
Ограничената серија на „Паметна долна облека“ можете да ја купите преку онлајн продавницата на Love Magenta, по цена од 25 евра, со бесплатна испорака, од 6 февруари.
Следете ги Facebook и Instagram профилите на Македонски Телеком доколку сакате да учествувате во некој од предизвиците и да добиете „Паметна долна облека“.