Јужнокорејската компанија Hyundai најави дека ќе повлече речиси 430.000 мали автомобили, бидејќи во компјутерот задолжен да ја спречи блокадата на тркалата може да влезе вода, што, пак, може да доведе до кратка врска, па дури и до пожар во моторот, пренесе агенцијата Анадолија.
Ова повлекување на возилата е само уште еден во серијата проблеми што овој јужнокорејски производител на автомобили го имаа со пожари на моторите во последните неколку години.
Заради претходните проблеми американската Национална управа за безбедност во сообраќајот отвори истрага.
Од компанијата појаснуваат дека електричната кратка врска може да предизвика пожар, дури и кога автомобилиот не работи. Но, Hyundai истакнува дека стапката на појава на пожари е толку ниска што не е потребно автомобилите да се паркираат на отворено
Компанијата во документите што ги приложи до американските власти наведува дека имаат само три случаи на пожари и дека во нив немало повредени лица.
Трговците ќе инсталираат релеј во главната електрична разводна кутија на автомобилот за да ги спречат кратските врски, додека автомобилот е исклучен.
Повлекувањето на возилата ќе почне на 3 март.
Поврзани артикли