Со цел да ги заштитат своите корисници, од Xiaomi објавија од кои официјални продажни канали, ланци на продавници да ги купувате нивните производи.

Како што се наведува тие се со официјален производ за Македонија, кои подлежат на Xiaomi®️ официјална гаранција додека останатите производи купени, надвор од листата на официјални продавачи, не подлежат на никаква гаранција и од истите се оградуваат како официјални дистрибутери и партнери на Xiaomi®️ за Македонија.

Затоа доколку имавте во план следниот технолошки производ што ќе го купите да биде од марката Xiaomi барајте го во следните Официјални канали за продажба:

– Mi Store МАКЕДОНИЈА
– А1 МАКЕДОНИЈА
– МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ
– ХЕНДИ
– ПАКОМ
– АГРОТЕХНА
– ЕЛЕКТРОЕЛЕМЕНТ
– АУТЛЕТ ОН

Уредите купени во официјалните канали, се сервисираат во единствениот официјален сервис на Xiaomi®️ за Македонија, на бул. Трета Македонска бригада 48.