Дали популарниот лек Arsenicium album-30 може да делува во борбата против корона вирусот?
Министерството за здрав и долг живот, јога и природно лечење во Индија, издало здравствени совети и препорачало хомеопатски лекови кои и тоа како можат да бидат ефикасни во борбата против корона вирусот.
Советите се објавени по состанокот со Центарот за хомеопатија каде што се разговарало за хомеопатски средства кои можат да помогнат во спречување на ширењето на епидемијата на корона вирусот.
Советите секако дека го препорачуваат познатиот хомеопатски лек Arsenicum album-30 за ко јвелат дека може да биде одличен во текот на превенцијата.
Се препорачува дека лекот Arsenicum album-30 треба да се пие на празен стомак три денови со ред, а потоа истиот процес за еден месец да се повтори.
Како што велат оттаму, истата процедура може да биде повеќекратно ефикасна и во борбата против сезонскиот грип.
„Лекот во својот состав има разреден арсен, но секако не во материјална форма туку во енергетска. Овој лек воглавно го даваме на луѓе кои се многу загрижени за своето здравје и кои сакаат нешто да направат за да ја избегнат таа болест, односно кои се anxious sautious. Во таква состојба се јавува немир и не може да се смири додека не се најде некое решение. Поради нетрпеливоста на пациентот решението мора да биде брзо“ – вели д-р Тамара Милосавлевиќ, хомеопатка од Србија која ја поддржува одлука од Индиското министерство.
„Не значи дека е правилен, но мојот став е дека тоа е вирус со мутиран ген. Вирусот не може да се излечи со антибиотици туку со природни средства кои го стимулираат имуниот систем за организмот да може сам да се бори. Тоа е суштината на хомеопатското лечење – сличното со слично да се лечи“ – заклучила Тамара.
Засега не постојат никакви убедувања како хомеопатијата би можела да делува, освен како лажен лек placebo. Но, бидејќи во текот на историјата имало лекови кои делувале, но всушност никој не знаел како, хомеопатијата била истражувана и во клиничките истражувања. На таа тема направени се многубројни истражувања.
Извор: Telegraf.rs