Научниците од Велика Британија покажаа дека е возможно да се користи кујнската микробранова печка да се создаде космичка прашина во лабараторија.
Според научниците дознаваме дека токму прашината е првиот елемент кој може да ни помогне во разбирањето на хемиското потекло на ѕвездите, планетите како и за нашиот животот.
Содржината на ваквиот материјал може да се истражува преку астономска обсервација или преку тестирање на прашината преку нејзино создавање во лабараторија.
Во студијата на д-р Томпсон и неговите колеги, бил користен методот за произведување на материјали преку таканаречени сол-гел процес.
Таквиот материјал е сличен на кремата за раце, а се добива преку нејзино сушење.
Според истражувачите, примената на микробрановата печка е доста ефикасна затоа што е потребно само десет минути да се создадат примероците на космичката прашина.
Научниците имаат намера во престојниот период да испитуваат и други материјали со цел да се добијат поголеми знаења за космосот.
Сите откритија од студијата се објавени во научното списание Astronomy & Astrophysics.