Оние кои ќе одлучат да играат со zoom out опцијата во рамките на Google Earth за веб и Google Earth Pro за десктоп, ќе можат да фрлат поглед на планетата Земја и ѕвездите во позадина.
Ѕвездената позадина во рамките на мобилната апликација до скоро беше заменета со целосно црна, што сега се смени, бидејќи апликацијата Google Earth доби ажурирање благодарение на кое корисниците добиваат „космичко искуство“ и на телефоните и таблетите. Така може да се види и Млечниот пат, а се нуди и нова перспектива кога станува збор за sвездите, бидејќи корисникот ја гледа планетата од вселената од голема далечина.
Google објасни дека ѕвездите се додадени на Земјата за да го направат искуството што е можно пореално, поради што порано беа додадени анимирани облаци со помош на кои се прикажуваат метеоролошки карти низ целиот свет.
Извор: PC Press.rs