Глобалниот информатички гигант Facebook објави дека ја завршил 2019 година со 2,5 милијарди корисници месечно ширум светот, што претставува зголемување за осум проценти во однос на претходната година.
Како што е соопштено, 2,89 милијарди луѓе користат барем една од нивните услуги месечно – Facebook, WhatsApp, Instagram или Messenger, додека 2,26 милијарди луѓе користат најмалку една од нивните услуги дневно.
Растот е забележан и покрај критиките од јавноста на штета на компанијата, меѓу другото поради загриженоста за начинот на кој се користат личните податоци на корисниците.
Компанијата соопшти дека приходите достигнале 21 милијарди американски долари во последниот квартал од 2019 година, што е за 25 проценти повеќе во однос на истиот период претходната година. Facebook оствари профит од 7,3 милијарди американски долари во истиот период.
Поврзани артикли