Никој не сака да заврши на нечија блок листа, но некогаш е уште полошо да се запрашате дали некој ве блокирал.
За среќа, постојат едноставни начини за проверување дали некој ве блокирал на WhatsApp.
Ако се сомневате дека некој ве блокирал, прво што треба да направите е да проверите кога корисникот последен пат бил регистриран на WhatsApp (last seen).
Ако тоа не може да го видите, можеби сте блокирани, но можно е и корисникот едноставно да ја исклучил таа опција.
Следно што може да направите е да ја проверите профилната фотографија. Ако корисникот некое време не ја променил, а дотогаш често ја менувал, можно е да сте блокирани и да ја гледате само последната фотографија која е објавена од тој корисник, пред да ве блокира.
За оваа проверка мора да бидете малку подиректни. Испратете му порака на корисникот. Ако покрај пораката се појави само едно знакче за „испратено“, тоа е знак дека големи се шансите да сте блокирани. Истото може да го направите и со повик. Ако сте блокирани, повикот преку апликацијата ќе биде оневозможен.
На крајот уште ви преостанува да се вклучите во некоја група. Ако добиете вест дека тоа не можете да го направите, тогаш навистина сте блокирани.
Извор: B92.net