На овој остров годишно смеат да стапнат само 1.000 туристи, па постои листа за чекање за посета. Самиот тој факт го прави овој остров посебен, но тоа поради што е толку таинствен и посакуван е приказната за богатството кое го сокриле гусари.
Монтекристо го прославил големиот француски писател Александар Дима во својот роман „Грофот од Монте Кристо”, а богаството наводно тука го сокрил, ни повеќе ни помалку, црвенобрадиот Барбароса.
Само илјада туристи годишно, или подобро кажано среќници, имаат дозвола да го посетат овој рај на земјата. Не треба ни да се нагласи дека постои листа на чекање. Толку е долга што дури и ако сега се пријавите, сметајте дека островот ќе го посетите за неколку години.
Монтекристо е дел од природен резерват, односно Националниот парк на тосканскиот архипелаг. Со оглед на тоа, јасно е дека италијанските власти не сакаат многу ентузијастични трагачи по богатство во недопредната природа.
View this post on InstagramA post shared by Adele Venneri (@adelevennerirennes) on
Точната локација и содржината на скриеното богатство и натаму е мистерија, а гласините за островот како место на кое се крие богаството започнале уште пред неколку стотици години, кога самостанот на островот почнал да стекнува големо богатсво. Сепак, тоа не е чудно, бидејќи првата капела на островот е изградена уште во седмиот век, а подоцна за лускузот биле заслужни донациите на богатите семејства.
Сепак, некои веруваат дека Црвенобрадиот во своите ограбувачки походи сите украдени скапоценост ги сокрил токму тука.
Во секој случај, Монтекристо сигурно уште долго ќе биде место на легенди, а ако сакате да го држите богатството во рака, прочитајте ги доживувањата на грофот од Монте Кристо во веќе споменатото ремек-дело на светската книжевност.
Поврзани артикли