Светската здравствена организација (СЗО) поради коронавирусот денеска прогласи глобална здравствена криза.
СЗО ја дефинира глобалната здравствена криза како вонреден настан што претставува ризик за повеќе земји и бара координиран меѓународен одговор.
„Не можеме да го претпоставиме нивото на штета кое овој вирус може да го предизвика доколку се прошири во земја со послаб здравствен систем“, се вели во соопштението на СЗО.
"We don’t know what sort of damage this #2019nCoV virus could do if it were to spread in a country with a weaker health system.
We must act now to help countries prepare for that possibility"-@DrTedros— World Health Organization (WHO) (@WHO) January 30, 2020
Кина ги пријави првите случаи на инфекција со коронавирус на крајот на декември минатата година. До денеска во земјата официјално се потврдени повеќе од 8.000 случаи. Починаа 171 лице.
Денеска, и официјално беше потврдено дека смртоносниот вирус е распространет во сите 34 главни региони на најнаселената земја во светот.
Поврзани артикли