Се појавија фотографии, кои наводно го прикажуваат Poco X2 смартфонот, а ги сугерираат главните карактеристики на дизајнот и некои нови спецификации на хардверот.
Забележителни се две предни камери, кои се сместени во punch-hole отвор во дисплејот во горниот десен агол. Исто така, видлива е голема слушалка во врвот. Со оглед на големината на слушалката, можно е да има функција на звучник, што би можело да значи дека Poco X2 пристигнува со стерео звучници.
Фотографиите не откриваат многу, но сугерираат дека објавата на телефонот е многу блиску, а се очекува дека би можел да биде многу сличен на неодамна објавениот Redmi K30. Ова вклучува и имплементирање на истиот 120Hz екран и чипсет (Snapdargon 730G).