Минатата година, продажбата на смартфони првпат се намали од кога се анализира овој сегмент од пазарот.
Аналитичката компанија Gartner го следи пазарот на смартфони 11 години, а во 2019. година првпат се случи бројот на продадени паметни телефони да опадне за 2 проценти во однос на претходната година. Меѓутоа, истата компанија очекува дека оваа 2020. година ќе биде малку подобра од претходните.
Gartner очекува дека во оваа година ќе бидат продадени 3 проценти повеќе телефони во однос на ланската година. За тоа ќе придонесе и фактот дека оваа година ќе биде прва, во која се очекува позначајна продажба на 5G смартфони. Најголемиот напредок во продажбата се очекува кон крајот на оваа година, кога се претпоставува дека Apple ќе претстави iPhone модели со 5G konekcija, додека најголемиот број 5G теелфони оваа година ќе бидат засновани на 5G чиповите на Qualcomm.
Најголем пораст на продажбата во бројот на единици на обични и 5G смартфони се очекува во Кина и во азиско/пацифичкиот регион. На овие пазари е очекувано зголемување на продажбата помеѓу 5,1 и 5,7 проценти. Сепак, процентуално најголемо зголемување би требало да биде на Средниот Исток и Северна Африка, каде што се предвидува зголемување на продажбата од 5,9 отсто во однос на 2019. година.
И покрај сето тоа, Gartner предвидува дека 5G технологијата ќе биде само привремена причина за зголемување на продажбата. Без радикален развој и промена на функционалноста, најверојатно ќе продолжи досегашниот тренд на стагнација и намалување на продажбата.