Стотици вработени во Amazon на протест против ставот за климатските промени

Стотици вработени во Amazon отворено ја критикуваа еколошката позиција на малопродажниот онлајн-гигант и нарушувањето на политиката за комуникација на компанијата.

Повеќе од 300 вработени се потпишаа под пост на блог на Amazon под името Службеници за климатска правда (AECJ) и ја повикаа компанијата да отиде подалеку во својот план за справување со климатските промени, кој беше објавен во септември.

Членовите на групата јавно ја критикуваа компанијата, но некои беа предупредени дека можат да бидат отпуштени од работа.

Протестот е најголемата акција на вработени откако Amazon се закани дека ќе отпушти работници поради тоа што се изјаснуваат за улогата на компанијата во климатската криза, соопшти AECJ.

– Како работници на Amazon, ние сме одговорни не само за успехот на компанијата, туку и за нејзиното влијание. Наша морална одговорност е да кажуваме гласно, но промените во комуникациската политика нè спречуваат да ја извршиме таа одговорност – рече Сара Трејси, инженер по разработка на софтвер во Amazon.

Според годишен извештај на компанијата, Amazon на крајот од 2018 година имал околу 650.000 постојани вработени.