Компанијата Tesla се согласила да го купи имот во предградието на Берлин, што претставува понатамошен чекор кон отворање на првата фабрика во Европа.
Американскиот производител најави дека ќе гради огромна фабрика во Гринхид, во источногерманската провинција Бранденбург, која на неговите производи ќе им обезбеди етикета „Made in Germany“, бидејќи ривалите од таа земја се подготвуваат да лансираат неколку конкурентни модели.
Управниот одбор на Tesla го одобрил договорот за купување на земјиште од 300 хектари со Бранденбург. Комисијата за финансии на провинцискиот парламент веќе ја одобрил продажбата на 9 јануари.
Во договорот се спомнува прелиминарна цена на имотот од 40,91 милиони евра, која може да се промени доколку надворешната ревизија обезбеди поинаква вредност.
Земјиштето се наоѓа во предвидено индустриско подрачје и е целосно проверено случајно да не има оружје од Втората светска војна (неексплодирани американски бомби).
Политичарите, синдикатите и индустриските групи го поздравиле овој потег на Tesla, кој треба да креира до 7.000 работни места во Бранденбург.
Сепак, околу 250 локални жители излегле на улица во знак на протест поради тоа што, според нивно мислење, фабриката може да го загрози снабдувањето со вода, како и дивиот свет во околната шума.