Најдлабоката точка на континенталната кора на Земјата идентификувана е во источниот дел на Антарктикот под глечерот Денман, пренесуваат странските медиуми.
Овој кањон наполнет со мраз достигнува 3.5 километри под нивото на морето, пишува Би-би-си.
Откритието е илустрирано на новата мапа на “Белиот континент“ која го открива обликот на коритото под ледената плоча.
Карактеристиките на ова корито ќе бидат клучни за нашето сфаќање како поларниот југ може да се промени во иднина.
Досега најниското тло на Земјата е измерено на крајбрежјето на Мртвото море, а се наоѓа на само 413 метри под нивото на морето.
„Ова без сомнеж е најточниот портрет на она што се наоѓа под ледената плоча на Антарктикот. Рововите во океанот се подлабоки, но ова е најдлабокиот кањон на копно“ – појаснил Метју Морлигхем кој работел на проектот на откривање на најдлабоката точка на Земјата околу шест години.
Научниците неколку пати се обидувале да снимаат звук од дното на Денман, но не успеале во тоа поради одекнувањето од бочните ѕидови кои оневозможуваат да се открие одразот.
Да ве потсетиме дека најдлабоката океанска точка, Маријански Ров е длабок 11 километри под морската површина.
Постојат и други исклучително длабоки копнени кањони како кањонот Yarlung Tsangpo Grand во Кина, но нивното дно е над нивото на морето.
Поврзани артикли