Компанијата Huawei е насочена и на развој на решенија кои со користење на напредни технологии можат да помогнат во подобрување на квалитетот на живот, но и големите предизвици со кои се соочува човештвото. Така, на пример, компанијата ја користи вештачката интелигенција со цел да ги заштити прашумите.
Имено, во соработка со непрофитната организација Rainforest Connect, Huawei разви посебна технологија која помага да се утврди и запре илегалната сеча на шуми во Јужна Америка, како и да се зачуваат некои од најзагрозените животински видови.
Со оглед дека звуците на прашумата се премногу сложени за да можат да бидат протолкувани од страна на луѓето, Huawei и Rainforest Connect ги употребиле паметните телефони на Huawei. Користејќи Big Data и Cloud, овие звуци можат да се анализираат во реално време, што значи дека локалните надлежни би биле предупредени за звуци кои значат закана за шумата, како на пример моторни пили или камиони, што би им овозможила брза реакција.