Уредот на надувување ќе ги забавува сателитите кои веќе не се во употреба и ќе помага во рециклирањето на другиот вселенски отпад.
Руските научници предложија нов начин за борба со вселенското ѓубре. Се појави предлог да се направи падобран кој ќе ги забавува и спушта од орбитата сателитите кои излегле од употреба, пренесуваатруските медиуми.
Како што се наведува, уредот на надувување со топчест облик со дијаметар од три метри овозможува да се воведе во густите слоеви на атмосферата сателит, составен од три модули CubeSat.
Како што се истакнува, вселенските апарати треба да бидат опремени со системи за рециклирање.
Три милиони фрагменти, вклучувајќи преку седум илјади објекти поголеми од десет сантиметри се наоѓаат во орбитата, велат експертите од Московскиот државен технички универзитет „Бауман“, пренесува„Интерфакс“.
Загадувањето на вселената може да доведе до ефектот на Кеслер, односно до ситуација во која реализацијата на вселенските летови би била невозможна.
Ситуацијата се влошува кога фрагменти на ѓубрето при судир се распаѓаат на помали честички, зголемувајќи го на тај начин бројот на фрагменти на отпад во орбитата.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли