Се очекува дека Xiaomi Mi 10 ќе биде еден од првите телефони со Snapdragon 865 чипсет. Дојавувачот од Кина, кој вообичаено е доверлив, дојде до информација дека претстојниот премиум смартфон ќе има 108 мегапикселна камера (исто како кај Mi Note 10 моделот).
Ова ќе биде прв телефон кој го имплементира и најновиот камера сензор на Samsung и најновиот премиум чипсет на Qualcomm, што ќе му даде рана предност на Xiaomi на исклучително конкурентниот мобилен пазар.
Xiaomi Mi 10 би требало да има четири камери на задната страна и сличен дизајн на Mi 9 моделот – вертикален систем во горниот лев агол, без сензор за отпечаток од прсти и било што друго на задната страна. Од преднаста страна веројатно ќе се најде OLED дисплеј, со punch-hole дизајн за селфи камерата во горниот лев агол.
Останатите гласини сугерираат ултра-брзо полнење до 66W за Pro варијантата на телефонот (што значи дека до врв би се полнел за околу 35 минути), а се сугерира дека батеријата за Mi 10 Pro ќе има капацитет од 4800 mAh.
Поврзани артикли