Дубаи е градот кој е познат по паметните градби и блескавите кули, ќе стане дом на највисокиот хотел на светот во кулата Ciel Tower.
Хотелот ќе се вика Gevora и ќе биде лоциран на улицата на шеикот Зајед на висина од 356.3 метри.
Интересно е тоа што Дубаи веќе сега е дом на шесте највисоки хотели на светот, JW Marriott Marquis Hotel Tower 1, JW Marriott Marquis Hotel Tower 2, Rose Rayhaan by Rotana, Burj Al Arab и Emirates Tower 2.
И покрај сето тоа, од топ 100 хотели во светот, 12 се наоѓаат во Дубаи.
Трката за висина таму почнала уште од 1999-та година кога бил отворен Бурј Ал Араб тогаш највисокиот хотел, висок 321 метар.
Новиот највисок хотел, во градежништвото наречен Ciel Tower, го дизајнирала архитектонската компанија The First Group.
Изградбата на кулата би требала да биде завршена во 2023-та година кога ќе достигне висина од 360 метри. Ќе има 1.042 соби и апартмани распоредени на 82 ката.
Меѓу неговите најневеројатни карактеристики е стаклената платформа Sky Terrace која овозможува поглед од 360 степени кон градот.
Дизајнерите во месец декември добиле три награди од IPA за најдобра меѓународна архитектура на хотелот, најдобра арапска хотеска архитектура и најдобра арапска кула.