Непознатите древни вируси стари и до 15.000 години откриени се како се шират по праисторискиот мраз на тибетската висорамнина.
Научниците од Америка и Кина извадиле две парчиња од мразот на глечерот и пронашле вкупно 33 смрзнати патогени болести внатре, а дури 28 од нив луѓето досега не ги виделе, пишуваат од „Daily Mail“.
Според нивните зборови глобалното затоплување се заканува преку топењето на светските глечери, а најлошото сценарио би било дека ворусите би можеле да бидат пуштени во атмосферата.
Високите температури имаат можност за масовно испуштање на вирусите во светот кој нема имунитет против нив. Моќта на овие вируси не е позната, некои од нив се потенцијално смртоносни, а другите веројатно се безопасни.
Американските и кинеските работници пробушиле 50 метри во глечерот во Тибетската висорамнина за да ја истражат внатрешноста. Проектот кој траел пет години овозможил да бидат сигурни дека откриените древни вируси се опасни по човештвото.
Брзината на топењето на мразот во замрзнатите региони до кое доаѓа преку високите температури ги загрижува научниците.
„Во најлош случај, тоа топење на мразот би можело да доведе до испуштање на патогени во животната средина“ – заклучуваат научниците.
Од „Daily mail“ пренесуваат дека во 2016. година од антракс угинале повеќе од 2.300 ирваси во Русија, а болеста била поттикната од топлотните бранови. Температурите пораснале на 35 степени целзиусови, а мразот забрзано се топи.
Осум луѓе биле заразени од антракс, а над десеттина биле однесени на тестирање за да се утврди дека не се заразени.
Наталија Клопунова за весниците изјавила дека 90 отсто од хоспитализираните деца биле деца.
„Одлучивме да ги прегледаме сите деца па дури и ако не покажуват знаци на таа болест“ – изјавила таа.
Антраксот е потенцијално смртоносен, а го предизвикува бактеријата Bacillus anthracis.
Извор: Informer.rs