Windows 7 од денеска остана без поддршка, што значи дека повеќе нема да има закрпи и ажурирања за неколку милиони корисници, кои се уште сметаат на оваа верзија на оперативниот систем.
Корисниците на персонални компјутери кои работат со Windows 7 треба да инсталираат понов систем за да избегнат евентуално хакирање на компјутерот, бидејќи системот за поддршка за овој софтвер е прекинат.
Според податоците на NetMarketShare од крајот на минатата година, Windows 7 сè уште е еден од најпопуларните оперативни системи на Microsoft. На прво место е актуелниот Windows 10.
Аналитичарите проценуваат дека во светот има околу 1,2 милијарди функционални Windows компјутери, од кои една милијарда користат Windows 10, додека остатокот воглавно се ориентирани кон верзијата 7, што е околу 200 милиони компјутери.