Протекоа фотографии од претстојниот Samsung Galaxy S20+

Samsung на 11. февруари во Сан Франциско ќе ја претстави својата Galaxy S20 линија паметни телефони, а XDA-Developers сега ни овозможува увид во изгледот на Galaxy S20+ 5G моделот, преку фотографии од уредот, до кои успеал сајтот да дојде.

Boot екранот го покажува и потврдува името Galaxy S20, за кој веќе некое време се појавуваат информации, како и тоа дека во прашање е 5G варијанта. Покрај тоа, фотографиите откриваат и систем на камери, кој наводно вклучува 12MP 1.8μm главна камера, ултраширока камера и веројатно макро сензор. На задната страна би можел да се најде и микрофон, кој би требало да го подобри квалитетот на звукот кога се снимаат видео содржини.

Се сугерира дека Galaxy S20+ всушност и нема да биде најмоќниот модел во претстојната серија на јужнокорејската компанија. Се споменува и S20 Ultra моделот, кој би требало да понуди уште понапреден систем на камери (како што е 108MP сензор на Samsung). Исто така, може да се очекува и стандардниот Galaxy S20, поевтин модел (можниот S20e), како и LTE верзии на сите наведени 5G модели.

Сите телефони од Galaxy S20 серија би требало да имаат Snapdragon 865 процесор (или Exynos 990 на одредени пазари), поголеми екрани и други подобрувања во однос на S10 линијата.