Веќе на прв поглед, ова чудо од возило го остава гледачот без зборови, доволно толку да се запраша дали станува збор за автомобили или вселенско летало.
Токму така може да се опише новиот концепт автомобил на Mercedes, инспириран од култниот филм Avatar на генијалниот Џејмс Камоерон
Mercedes-Benz Vision AVTR е мешавина од сè што е одлика на CES: невиден стил, футуристичка технологија која ве оддалечува од секојдневниот живот и секако асоцијација со мега-успешниот холивудски филмски хит.
Како прво, автомобилот има „лушпи“ на себе. Да, целиот грб на Mercedes-Benz Vision AVTR е покриен со 33 дискретни бионички крилца, како што ги нарекуваат во Mercedes. Според компанијата, тие можат да комуницираат со луѓе кои не се во возилото.
Mercedes-Benz Vision AVTR има и специјални, сферични тркала кои се инспирирани од семето на Дрвото на душите од споменатиот филм Avatar во 2009 година. Овие тркала се ротираат во сите правци, што во пракса значи дека AVTR може да се движи странично и дијагонално.
Целта на Vision AVTR е да ја предизвика имагинацијата на гледачот и да претпоставува како би изгледало возењето со автомобилот од иднината.
Се разбира, како што развојот на автомобилите се движи кон автономно управување така и Mercedes-Benz Vision AVTR нема управувач затоа што сè е автоматизирано, а возачот во него е само историски термин. Сепак, патниците можат да комуницираат со автомобилот преку овален контролер, кој вибрира со дишењето и чукањето на срцето на патникот.
Првиот човек на Mercedes, Ола Колениус, вели дека АВТР е вистински пример за тоа како човекот и машината навистина можат да се „стопат“ во едно нешто, а и самиот Камерон се согласува со тоа.
Mercedes-Benz Vision AVTR ќе може да препознае присуство на различен број патници и соодветно да го прилагоди возењето, па така кога во автомобилот е целото семејство, родителите ќе можат да ги надгледуваат децата преку екранот на контролната табла.
На овој футуристички автомобил јасно е дека било посветено големо внимание, па така се внимавало и на тоа дизајнот да биде во чекор со одржливоста. Така погонот се базира на батерија на база на графен, која не изискува ретки минерали за производство, а во Mercedes тврдат дека батеријата еден ден би можела да биде и разградлива.
Внатрешноста е изработена од рециклирана пластика и покриена со веганска кожа.
Дури и тркалата на Mercedes-Benz Vision AVTR се направени да остават минимална трага на површината, особено на шумско тло.
Поврзани артикли