Samsung во август го претстави Galaxy Tab S6 со Wi-Fi и 4G поддршка, но неодамна потврди дека во подготовка е и 5G верзија на таблетот.
Сега се појави фотографија која ја прикажува листата карактеристики на претстојниот таблет уред. Доколку биде верификувана по објавата, листата на спецификации сугерира дека 5G верзијата на таблет уредот ќе биде иста како стандардната, со додаток на Snapdragon X50 модемот.
Galaxy Tab S6 го покренува Snapdragon 855 чипсет, а има две опции на RAM и простор на складирање: 6GB и 128GB, односно 8GB и 256GB (но оваа опција е лимитирана на одредени пазари). На задната страна се наоѓаат две камери – стандарден 13MP сензор и ултраширока 5MP камера.
Се очекува дека Samsung Galaxy Tab S6 5G ќе биде првиот светски 5G таблет, а најверојатно најпрвин ќе се појави во Јужна Кореја, по што ќе следуваат САД и Европа.