Прелиминарната истрага за мистериозното вирусно воспаление на белите дробови, од кое се разболеа неколку десетици Кинези, откри дека најверојатно причина е нов вид на корона вирус.
Корона вирусите се шират со кашлање или кивање или допирање на заразено лице, а некои може да предизвикаат грип или посериозни респираторни заболувања како што се САРС и МЕРС, пренесува „Ројтерс“.
Гауден Галеа, портпарол на Светската здравствена организација во Кина, рече дека кинеските истражувачи користеле примерок од еден пациент за да го одделат генот на вирусот.
„Прелиминарната идентификација на новиот вирус за краток временски период е значајно достигнување“, рече Галеа.
Во Кина досега повеќе од 50 лица се заразиле со оваа болест, и тоа 38 во Хонгконг.
Поврзани артикли