SpaceX лансираше нови 60 сателити во земјината орбита, со што нивниот вкупен број сега изнесува 182, а сите тие го чинат делот на Starlink-мрежата за глобална покриеност со интернет.
Приемниците беа поставени околу Земјата со помош на ракета „Фалкон 9“ која беше истрелана од космодромот Кејп Канаверал на Флорида. Со новите вселенски апарати, компанијата SpaceX е рекодер по бројот на комерцијални сателити во орбитата.
Калифорниската компанија Planet Labs во таа смисла е на второ место со нешто помалку од 150 сателити кои се користат за снимање на Земјата.
SpaceX има дозвола да лансира до 12.000 сателити. До крајот на месецов, предвидено е поставување на уште две ракети со по 60 сателити.
Астрономите се жалат дека големиот број сателити го попречуваат погледот на ноќното небо. SpaceX смета дека забелешките се претерани. Според нив, кога ќе се позиционираат, сателитите обично се тешко видливи. Најновите сателити имаат и посебни додатоци за намалување на рефлексијата