На Apple му е одобрен патент врзан за виртуелно позиционирање на звукот, што би можело да ги претстави темелите за нови аудиоуреди, пишува The Verge.
Патентот на Apple е заснован на нивниот претходен патент, кој беше пријавен минатиот месец и кој на корисниците им овозможи да слушнат каде физички се наоѓаат во собата со помош на посебна технологија за слушалки. Денешниот патент овозможува целосно иста работа, но со вградени MacBook звучници.
Виртуелниот акустичен систем делува така што корисниците имаат чувство како звукот да доаѓа од друго место од она каде што се наоѓа звучникот.
Crosstalk, како што е објаснето, делува со помош на преклопувачките звучни бранови, кои ушите ги примаат од левиот и десниот канал на звучникот. Патентот, според пишувањето на магазинот Patently Apple, првобитно е пријавен во 2018. година. Ќе може да се користи за засилување на чувството на присутност, на пример, додека слушате спортска емисија.