Во јануари 2020 година, започнува реализацијата на проектот SeaClear (Search, Identification and Collection of Marine Litter with Autonomous Robot) кој се финансира од страна на Европската унија, поточно преку програмата HORIZON 2020, преку која за подрачјето на Дубровничко-неретванската жупанија се обезбедени над 800.000 евра. Целта на проектот е развивање на автономни роботи за чистење на отпадот од морското дно. Проектот SeaClear е пријавен во соработка со осум партнери, меѓу кои Регионалната агенција DUNEA и Универзитетот во Дубровник, се единствените хрватски партнери.
Денес, во океаите се наоѓаат помеѓу 26 и 66 милиони тони отпад. Од тоа, околу 94% се наоѓа на морското дно. Досега, напорите за собирање главно беа фокусирани на површинскиот отпад, а отпадот од дното главно беше третиран преку поедничени локални акции, при што секогаш биле вклучени нуркачи. Не постои решение кое користи автономни роботи за собирање на подводниот отпад. Преку SeaClear ќе се развие систем на подводни и површински возила за пронаоѓање и собирање на отпадот и од морското дно и од водениот столб под површината. Ваквиот концепт ќе придонесе за 70% пониски трошоци отколку собирањето отпад со нуркачи.