Huawei ги намали своите очекувања околу бројот на продадени паметни телефони во 2019. година од 270 милиони примероци на 230 милиони.
Кинеската компанија се очекува да испорача 230 милиони паметни телефони до крајот на годината, барем според прогнозите на главниот извршен директор на одделот за потрошувачи на Huawei, Ричард Ју.
Потсетуваме дека во октомври, компанијата соопшти дека испорачала 200 милиони телефони, што е за 64 дена побрзо од претходната година.
Неодамна споделените податоци од Strategy Analytics укажуваат дека Huawei се приближува во однос на испораките до лидерот Samsung. Оттаму предвидуваат дека кинеските пратки може да достигнат 251 милиони единици до крајот на годината.
Добрите перформанси на Huawei продолжуваат и покрај тешкотиите со кои се соочува компанијата поради санкциите на САД. Ова во најголем дел се должи на присуството на пазарот во Кина, каде што нивниот удел значително се зголеми оваа година.