Еве неколку совети кои ќе ви помогнат при купувањето на користени возила.

Не купувајте „на слепо“

Автомобилот не е обичен производ кој го купуваме преку интернет. Карактеристиките не може да се видат со голо око, така што фотографиите на страниците за продажба на автомобили често ги збунуваат купувачите. Запознајте го продавачот пред да го купите возилото, а потоа истото испробајте го. Тестот направете го во присуство на автомобилски механичар бидејќи тој ќе укаже на какви било проблеми со сопирачките, управувачот, амортизерите и моторот.

Бидете внимателни со увезените автомобили

Намалената продажба на дизели предизвика драматична промена на пазарот на користени автомобили. На пример, моделите што не наоѓаат купувач во Франција, масовно се транспортираат во Централна и Источна Европа, каде прописите за животна средина не се толку ригорозни. Наспроти тоа, побарувачката за нови бензински погони се зголемува. И, да, историјата на ваквите автомобили не може да се потврди со сигурност.

Изберете докажани брендови

Во студија објавена во 2016 година, скоро секој втор користен автомобил не бил купен од овластен продавач.

Заострената контрола можеби делува во позитивна насока, но податоците остануваат алармантни. Истрагата на организацијата за контрола на потрошувачката во Велика Британија покажува бројни измами од одделни продавачи. Ако одлучите да купите користено возило, прво погледнете ги автомобилите на реномирани производители кои се сертифицирани за овој вид продажба и вклучуваат детали за гаранцијата, потеклото и услугата.

Проверете ја историјата на возилото

Првиот документ што треба да го побарате е сервисната книшка. Во неа треба да се запишани сите механички интервенции – сервисни посети, замена на масло, гуми, дискови, батерии, спојки… Ако продавачот не ја поседува, побарајте го бројот на шасијата. Потоа, контактирајте го производителот кој има пристап до националниот регистар. Сигурно ќе ги дознаете сите релевантни информации доколку возилото е официјално регистрирано.

Внимавајте при плаќањето

Измамата не се однесува само на состојбата на автомобилот. Развиени се стратегии за земање на пари, а потоа продавачот исчезнува без трага. Дури третина од Французите кои купиле користен автомобил пријавиле измама во едно истражување. Околу 23% од купувачите на половни автомобили пријавиле скриен дефект, а 13% лажни информации од дилерите од кои го купиле возилото.

Извор: en24.news