Претходно во текот на овој месец, Google најави дека наместо редовните Android ажурирања, Pixel 4 ќе ја добие „Pixel Feature Drop“ можноста за претставување нови опции. Првиот таков апдејт пристигна.
Едно од најголемите подобрувања е тоа што Face Unlock сега ги прифаќа и промените во изгледот на една личност. На пример, ако некое лице ја промени фризурата или пушти брада, тоа повеќе нема да претставува проблем системот да го препознае. Кога е вклучена оваа напредна опција за идентификација, системот повремено ќе го ажурира моделот на лицето на личноста, во чија база со текот на време ќе се најдат сите варијации на изгледот. Овие податоци се чуваат во чип Pixel 4 Titan чипот, кој е криптиран и целосно одвоен од мрежата.
Покрај тоа, апдејтот донесува и T-Mobile eSIM поддршка. Ова значи дека можете Pixel 4 телефоните да ги активирате веднаш, без да чекате физичка SIM картичка, а дозволена е и колаборација помеѓу физичката SIM картичка и eSIM, кога се во прашање повиците или текстуалните пораки. Pixel 4 доби и dual-frequency GNSS, што значи дека истовремено може да ги следи сигналите од два различни сателити – на пример GPS и Galileo сателитите. Тоа ќе овозможи попрецизно лоцирање на уредот во просторот. Google ветува дека со новите Pixel 4 Drop ажурирања, ќе се појавуваат уште некои нови опции.
Поврзани артикли