Магазинот Forbes објави листа на десетте најплатени јутјубери во 2019 година, а втора година по ред на врвот на листата е осумгодишниот Рајан од Ryan ToysReview, кој заработи 26 милиони долари.
Минатата година момчето заработи 22 милиони долари. Неговиот YouTube канал стана активен пред пет години, кога на 3-годишна возраст почна да одмотува подароци и играчки кои самиот си ги купил. Сето тоа прерасна во мини научни експерименти кои ги снима со камера, а потоа потпиша договор со Nickelodeon и Hulu.
На второто место е каналот Dude Perfect, кој годинава заработи 20 милиони долари. Видеата за овој канал ги снимат неколку пријатели, а во нив играат различни спортови, трикови и рушат Гинисови рекорди.
Петгодишната Анастасија Раџинскаја е на третото место со 18 милиони долари заработка и неколку договори со различни компании.
Зад неа е каналот Good Mythical Morning со заработка од 17,5 милиони долари. Каналот за совети за шминкање што го води Џефри Стар годинава заработи 17 милиони долари и се пласираше на петтото место на листата на Forbes.