Бројот на 5G конекции во светот ќе надмине една милијарда за околу четири години. Клучни фактори за растот на новите мрежи ќе бидат големиот обем на генерирани и потрошени податоци, Интернет на нештата (IoT) и апликациите во реално време.
Според новата прогноза за IDC, бројот на 5G конекции оваа година се проценува на околу 100 милиони и ќе достигне 1,01 милијарди во 2023 година. Овие бројки соодветствуваат на просечна годишна стапка на раст од 217,2 проценти.
Аналитичарите забележуваат дека воведувањето на 5G во текот на следните неколку години ќе биде поткрепено со зголемениот обем на генерирани и потрошени податоци. Овој фактор ќе се манифестира и во корпоративниот и во потрошувачкиот сегмент.
Миграцијата кон 5G на корисниците, кои интензивно користат податоци ќе им овозможи на операторите поефикасно да управуваат со мрежните ресурси, покажува анализата на IDC.
Втор клучен фактор за растот на мрежите од петтата генерација е зголемувањето на бројот на IoT уреди. Покрај тоа, предноста на 5G во однос на ниската латентност ќе игра важна улога, што ќе даде поттик на апликациите на кои им е потребен одговор во реално време.