Се приближува 26. декември, датумот на закажаното претставување на новата Reno 3 серија смартфони од кинеската компанија Oppo. Po toj povod, се појавуваат сè повеќе информации за два модела од оваа серија паметни телефони.
Првиот од споменатите е Oppo Reno 3 за кој веќе пишувавме. Се базира на MediaTek Dimensity 1000L чипот, кој има поддршка за 5G мрежи, поседува 6,4-инчен AMOLED екран со резолуција од 2400 x 1080 пиксели, со мал засек за селфи камерата од 32 MP, а тука е и батеријата од 4025 mAh со поддршка за VOOC 4.0 технологијата, како и 8 GB односно 12 GB RAM меморија и 128 и 256 GB простор за складирање. Системот од четири камери на задната страна се базира на главниот 64-мегапикселен сензор, на кој му се придружени еден сензор од 8 мегапиксели и два дополнителни 2-мегапикселни сензори.
Од друга страна, Pro верзијата доаѓа со Qualcomm Snapdragon 765G чип, екран за освежување од 90Hz и мала дупка на екранот за селфи камерата (на задната страна ќе има четири камери), батерија од 4025 mAh со VOOC 4.0 технологија, како и 8, односно 12 GB RAM меморија и 128 или 256 GB простор за складирање. Двата телефони би требало да пристигнат со оперативниот систем Android 10.
Поврзани артикли