Redmi во Кина одржа настан, во текот на кој го официјализираше Redmi K30 телефонот. Redmi K30 е претставен во 4G и 5G варијанта.
Со почетна цена од околу 285 долари, Redmi K30 5G нуди импресивни функции како што се озвежување на екранот од 120 Hz, две предни камери и Sony IMX686 сензор за главната од четири камери на задната страна. Redmi претстави и 4G верзија на телефонот, која во основната конфигурација чини околу 228 долари.
Redmi K30 има Gorilla Glass 5 панел од предната и задната страна, со 6,67-инчен LCD дисплеј и 4,38 мм широк отвор во горниот десен агол, каде што се сместени 20MP + 2MP AI камери. Redmi K30 е прв Redmi смартфон со 120Hz дисплеј, а има резолуција од 1080 x 2400 пиксели и 20:9 однос на страници.
Новиот 7nm Snapdragon 765G чипсет има интегриран 5G модем, кој ја покренува Redmi K30 5G верзијата на телефонот. Redmi K30 4G модел го користи минатогодишниот Snapdragon 730G. Двата телефони имаат 4000mAh батерија, со поддршја за 30W брзо полнење кај 5G и 27W брзо полнење кај 4G варијантата. Телефоните пристигнуваат со прединсталиран MIUI 11 интерфејс, заснован на Android 10 OS.
Кога се во прашање камерите на задната страна, Redmi K30 5G има вертикално поставен систем со четири камери. K30 е прв светски смартфон со Sony IMX686 64MP сензор како главен. Го дополнуваат 8MP ултраширок сензор од 120 степени, 5MP супер макро сензор и 2MP сензор за длабочина. Redmi K30 4G има сличен систем на камери, со тоа што користи 2MP макро сензор наместо 5MP.
Кога е во прашање капацитетот на меморијата и просторот за складирање, Redmi K30 4G има опции од 4GB RAM + 64GB складирање ($228), 6GB +64GB ($240), 8GB + 128GB ($270) i 8GB + 256GB ($312). Од друга страна, Redmi K30 5G варијантите вклучуваат 6GB RAM + 64GB складирање ($285), 6GB + 128GB ($325), 8GB + 128GB ($370) i 8GB + 256GB ($412).
Поврзани артикли