Иако технолошките компании имаат силен интерес во областа на очилата со додадена и виртуелна реалност (AR / VR), сè уште нема краен производ кој нуди богата функционалност и е достапен за пошироката јавност. Друг производител што ги објави своите намери во оваа област е компанијата што ја создаде Pokemon Go – Niantic Labs, која ќе соработува со Qualcomm во оваа област.
За оваа намена ќе се користи референтниот хардвер на Qualcomm со комбинација на специјализиран софтвер и cloud услуги. Очилата ќе се темелат на објавениот за време на конференцијата Snapdragon Tech Summit чип Snapdragon XR2, кој е дизајниран за AR / VR очила. Се надеваме дека, за разлика од моделите Magic Leap и HoloLens 2 кои моментално се достапни, идниот производ на Niantic ќе биде подостапен.
Платформата XR2 е првата од типот за проширена реалност (Extended reality) со 5G поддршка која ќе обезбеди сигурен начин за примање и испраќање на податоци во реално време без одложување.